„Максимално“ подготвен: Марио Балотели „напорно“ тренира за дуелот против Ајакс (Видео)

Марио Балотели е „максимално“ подготвен за средбата против Ајакс. Ница вечерва треба да го одигра првиот дуел од двомечот против против холандскиот вицепрвак во рамки од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, а нивниот голгетер на ден пред натпреварот објави видео на својот „инстаграм“ профил како во дворот се обидува да игра фудбал на малку поинаков начин.

Италијанецот очигледно се забавува и максимално е опуштен пред мечот, кој сепак има голема важност. 26-годишниот напаѓач веројатно подоцна сфати дека направи грешка со објавата, па неколку часа потоа објави нова фотографија, овој пат во дресот на Ница, нагласувајќи дека е подготвен за дуелот.

https://www.instagram.com/p/BW8Q1y9gqat/?taken-by=mb459

Се вчитува...