Малдини го победи Лајпциг, Милан го доби посакуваното засилување

Паоло Малдини уште еднаш ги потврди извонредните менаџерски способности откако директорот на Милан успеа да го договори трансферот на Мохамед Сикаман. Станува збор за 20-годишен одбранбен фудбалер од Стразбур, кој важи за еден од најдобрите млади дефанзивци во светскиот фудбал. Загреани за него беа челниците на Лајпциг, кои сакаа токму Сикаман да го наследи Упамекано во бундеслигашот по завршувањето на сезонава, но Малдини излезе како победник од оваа трка, договарајќи франскиот интернационалец со корени од Гвинеја веќе во јануари да пристигне на „Сан Сиро“.

Тренерот Пиоли е свесен дека одбраната е најболна точка во неговиот тим, па инсистираше на ново име токму во овој дел од екипата. Сикаман беше желба на Пиоли и во текот на летото, тогаш Милан не успеа да се договори со Стразбур, но овојпат е постигнат целосен договор меѓу клубовите.

„Росонерите“ ќе платат 15 милиони евра, плус бонуси доколку фудбалерот освои трофеи со Милан, додека Сикаман ќе потпише договор на пет и пол години. Следен предизвик за Малдини е носењето на нов напаѓач, желбата е јасна – Лука Јовиќ, па ќе биде интересно да се види дали директорот на Милан ќе успее да го победи Вулверхемптон во оваа трка.

Се вчитува...