Малдини: Ибрахимовиќ никогаш нема да биде…

Златан Ибрахимовиќ и неговата иднина во Милан засега се под знак прашалник. Тековниот договор му истекува на крајот од сезоната, но нема најава за продолжување на соработката меѓу двете страни.

Паоло Малдини не верува дека ќе има проблеми во евентуалните преговори со Швеѓанецот. Според него договорот би зависел од желбата и намерата на голгетерот во врска со својата иднина.

„Во моментов, повредите го ограничуваат Златан. Засега не размислуваме на неговиот договор. Тој никогаш нема да има проблеми со нас. Работата ќе зависи од него и неговата желба. Секогаш имаме отворен разговор со него. Никогаш нема да биде товар за нас, туку човек кој го подобрува тимот“, изјави спортскиот директор на „росонерите“.

Ибра се врати во Милан пред две години, откако ја заврши кратката авантура во Соединетите Американски Држави, во екипата на Лос Анџелес Галакси.

Се вчитува...