Малдини: Јас и мојот син за седум дена ќе го победиме овој вирус

Легендата на Милан, Паоло Малдини, кој пред неколку денови заедно со неговиот син Даниеле беа позитивни на коронавирусот, вели дека ќа ја надмина оваа болест и повторно за брзо време ќе се врати на обврските во Милан.

„Преку ова видео сакам да се заблагодарам на сите луѓе кои преку социјалните мрежи ми испраќаат пораки на љубов и грижа за мене и мојот син. Добро сме, би требало во рок од седум дена да дојдеме до можност да се решиме од овој вирус“ – порача Малдини и дополни:

„Сакам да се заблагодарам и на сите доктори, медицинските сестри и здравствените работници кои со оваа опасност се соочуваат со невиден професионализам. Не правите горди што сме Италијанци. Ви благодарам уште еднаш“.

 

Се вчитува...