Малдини: Милан верува во скудето и нема да се откаже до самиот крај

Милан е прв на табелата по десет кола во Калчо-лигата со 26 бода, пет повеќе од Интер, a шест од Наполи и Јувентус. „Росонерите“ делуваат доминантно, немаат пораз од стартот на сезоната, најавувајќи дека овој тим е подготвен да се вмеша и во борбата за титулата.

Техничкиот директор и легенда на Милан, Паоло Малдини уште повеќе ги подгреа оптимистичките прогнози со изјавата дека „росонерите“ сонуваат за трофеј во Серија А оваа сезона.

“Милан сонува и не верувам дека ќе престане да го прави тоа. Ако ништо друго, тогаш сигурно е дека нема да се предадеме. Јас само ги замолив играчите да бидат амбициозни. Јувентус, Интер и Наполи ќе се борат со нас за титулата. Ние нема да стоиме настрана и да гледаме. Мислам само на нашиот пат и се движиме кон нашата замислена цел”, изјави Малдини за весникот „Газета дело спорт“.

За потсетување, Милан последен пат беше шампион на Италија во 2011 година.

Се вчитува...