Малдини: „Се обидов да го донесам Меси во Милан“

Поранешниот директор на Милан, Паоло Малдини призна дека имало обид клубот од Сан Сиро да го доведе Лионел Меси, во миговите кога тој си замнуваше од Барселона.

Аргентинецот во 2021 година ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ, а од ова лето е дел од Интер Мајами.

„Ние 10 дена се обидувавме да го донесеме Меси во Милан, но тогаш сфативме дека тоа е невозможно. Сега е предоцна, но да се гледа таков играч е спектакл. Кога прочитав  дека може да оди во Интер, се исплашив“, рече Малдини.

Се вчитува...