Маленко останува претседател на ПФМ

Александар Маленко е реизбран за претседател на Пливачката федерација на Македонија, На вонредното Собрание што се одржа денеска на барање на иницијативниот одбор за негова смена, Маленко доби подршка од сите 15 делегати со право на глас. Но, ниту еден од клубовите кои ја покренаа иницијативата за смена на Маленко не присуствуваше на Собранието. Од вкупно 12 клубови кои имаат право на глас, гласале осум клубови, а четири не присуствувале на Собранието.

Во Управниот одбор на ПФМ се избрани Александар Кирацовски, Владимир Пејковски, Александар Филипчев, Данило Мициќ, Горан Стојановски, Момчило Антевски, Томи Стефановски и Александар Поповски.

Се вчитува...