Маленко твитна: Кое дно сме во македонскиот спорт…

Кој е кој во пливањето, веројатно сега не знаат ниту тие самите кои се дел од ПФМ. Затоа што од денеска има паралелизам и меѓу претседателите. Александар Маленко вчера беше потврден од „своите“ како претседател, ама денеска се одржа ново Вонредно собрание, на кое беше присутен и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, а на него за нов претседател е избран Дарко Нашков.

Маленко реагираше на Твитер и напиша… „Кое дно сме во македонскиот спорт покажува фактот што една Национална спортска федерација не смее да избере претседател и раководство согласно Статут, ако нема амин од директор на Агенција за млади и спорт… Во спротивно, ќе си организираат приватно Собрание и ќе играат федерација! Ужас“, напиша Маленко.

 

Се вчитува...