Малер до малер: ПСЖ остана без уште тројца првотимци

Томас Тухел не може да крене глава од проблеми околу составот на ПСЖ пред четвртфиналето од ЛШ против Аталанта. Килијан Мбапе речиси сигурно ќе го пропушти дуелот по повредата на дуелот со Сент Етјен, а згора на тоа вчерашното куп-финале со Лион предвреме го напуштија уште тројца стандардни првотимци.

Нападот ќе биде огромен проблем за Тухел доколку по Мбапе остане и без помошта на Икарди, кој мораше да биде заменет во второто полувреме од дуелот со Лион. Аргентинскиот голгетер се пожали на болка во пределот на коленото, а неколку минути по него од игра беше повлечен и левиот бек Курзава, кој го повреди мускулот. По 90 минути игра не беше постигнат ниту еден гол, мораше да се играат продолженија, а тогаш – нов проблем за „светците“ откако и капитенот Тијаго Силва се фати за мускулот и мораше да го напушти теренот.

Во текот на денешниот ден врз тројцата првотимци ќе бидат извршени детални прегледи, по што ќе се знае дали тие ќе можат да настапат на дуелот со Аталанта, закажан за 12 август во Лисабон.

Се вчитува...