Малер на сезоната: Погба конечно почна меч за Јувентус – и веднаш се повреди

Малерите што го следат Пол Погба од самата преселба од Манчестер Јунајтед во Јувентус продолжија и вечерва, откако францускиот ас заработи нова повреда на дуелот со Кремонезе.

Тренерот Алегри конечно му даде шанса на Погба од првата минута да започне еден меч за „старата дама“, Французинот делуваше максимално мотивирано, но по дваесетина минути остана да лежи на тревата. Видно разочаран и со солзи во очите, Погба го напушти теренот, а според првичните информации станува збор за кинење на мускулот.

Ова е голем удар за Јувентус пред клучниот дуел од Лигата на Европа, на гостувањето против Севилја закажано за четврток.

Се вчитува...