Левиот бек на Порто, Алекс Телеш, претрпе бизарна повреда на дербито со Брага, и тоа при изведување на пенал. Дефанзивецот успеа да го испрати противничкиот голман на погрешната страна, но притоа заработи незгодна повреда на колкот.
Тој веднаш почна во агонија да се превртува на теренот, по што стана јасно дека повредата не е нималку наивна. Веднаш беше повлечен од игра, а како што стојат работите Телеш најмалку еден месец ќе биде надвор од терените.
Ова значи дека левиот бек, кој е најстандарден играч во тимот на тренерот Консеисао, ќе го пропушти и двомечот од четврт-финалето во Лигата на шампионите против екипата на Ливерпул.
Penaltı kullanırken sakatlanan eski futbolcumuz Alex Telles’in sahalardan uzun bir süre uzak kalacağı açıklandı. pic.twitter.com/707mi9HfGa
— Cimbom TV (@CimbomTV_) March 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА