Малер за Далас – Дончиќ го пропушта почетокот на плејофот

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се повреди пред почетокот на плеј-офот во НБА лигата. Во последниот меч од регуларниот дел од сезоната главната ѕвезда на Далас Маверикс доживеа повреда на листот.

Проблем за Далас е тоа што тој дефинитивно нема да игра на првиот натпревар од серијата против Јута џез, а постои шанса да го пропушти и натпреварот број два. Како што пренесуваат американските медиуми повредата не е од озбилен карактер, но потребно е мирување.

На социјалните мрежи се појави и фотографија од Дончиќ пред една клиника во Далас каде јасно се гледа што е проблемот.

 

Се вчитува...