Малери без граници: Дали Ливерпул остана и без Ван Дајк?

Главоболките на Јирген Клоп во пресрет на големото финале од Лигата на Шампионите станаа уште поголеми откако стратегот на Ливерпул беше принуден да го замени и Вирџил ван Дајк по завршувањето на регуларните 90 минути од ФА Куп финалето против Челси.

Холандскиот ас е незаменлив првотимец во таборот на „црвените“, фановите стравуваат дека станува збор за повреда бидејќи Ван Дајк делуваше разочарано на клупата откако Матип го зазеде неговото место во последната дефанзивна линија на Ливерпул.

„Црвените“ на 14 дена пред финалето на ЛШ против Реал Мадрид денеска останаа и без Мохамед Салах, па јасно е дека доколку е повреден и Ван Дајк, тоа би бил огромен удар за нивните надежи за освојување на европската круна.

На финалето на „Вембли“ се играат продолженија од два пати по 15 минути, а за очекување е Клоп на прес-конференцијата по мечот да се осврне и на здравствениот билтен во екипата.

Се вчитува...