Малески: По дербито атмосферата во Струга ТЛ е одлична, веруваме во нова победа

Лидерот на табелата Струга ТЛ, утре ќе го пречека тимот на Македонија ЃП. „Лавовите“, пак, со нов тренер, предводени од Тони Џангаровски ќе го одиграат овој меч, откако се разделија со Муарем Бајрами.
Струга ТЛ после победата над Шкупи во дербито, сега сака нова победа со која ќе го продолжи патот кон историската прва титула. Така смета и Христијан Малески, фудбалерот на водечкиот тим на табелата.
„Против Македонија Ѓ.П како екипа очекувам да гo дадеме максимумoт, да ја одиграме нашата игра која ја знаеме и да не промaшуваме премногу шанси, како што се случи на последниот натпревар против нив, кога не можевме да погодиме од два пенали. Атмосферата во тимот е многу добра, особено по таа голема победа над Шкупи, па веруваме дека ќе продолжиме со нови победи“, вели Малески.

Се вчитува...