Малинков, нов тренер на Влазрими

Македонскиот стратег Љупчо Малинков својата тренерска кариера ја продолжи во Косово, каде го предводи тимот на Влазрими Ѓаковица.

„Челниците на Влазрими ме контактираа, ми претставија проект што е интересен и решив да го прифатам. Пристигнав доцна, немав време самиот да ја избирам целата екипа, но во завршни преговори сме за носење на уште еден кошаркар од Албанија, со што би го заокружил ростерот и би составил тим што може да се носи со секого“, изјави Малинков.

Малинков неколку сезони го водеше тимот на Фени индустри, дел од ланската сезона беше предводник и на Пелистер, а работата во Влазрими е неговиот прв интернационален ангажман.

Се вчитува...