Вардаровите фудбалери пред мечот со Розенборг, за крај на европската одисеја оваа сезона, ја добија најдрагата можна поддршка од момчето кое изминатиов период со својата приказна ја восхити фудбалска Европа, малиот Јане Велковски.
Јане се појави меѓу „вардарци“ пред почетокот на натпреварот сервирајќи им ја најголемата можна мотивација. И, очигледно сето тоа вроди со плод, па Вардар по 30 минути игра има предност од 1-0 со голот на Бразилецот Итало…
А, „вардарци“ за возврат му подарија фудбалска топка со потписите на комплетниот црвено-црн тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА