Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер се врати на тренинзите на својот тим. Бразилскиот чувар на мрежата ги пропушти последните осум меча поради повреда, а неговото место беше заземено од Георги Мамардашвили. Тому во отсуство на Бекер, се случија четири од петте порази на „црвените“.
Тимот од Енфилд се надева дека со неговото враќање, ќе биде сопрена оваа лоша низа на резултати. По 11 кола, Ливерпул е дури на осмата позиција во Премиерлигата со 18 бодови, или шест позади лидерот Арсенал. Пред повредата на голманот, тимот беше на првата позиција.
Сепак, малку е веројатно дека Арне Слот ќе му даде веднаш шанса на Бразилецот на мечот за два дена против Нотингем на „Енфилд“, но наскоро се очекува одново да застане меѓу диреците на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

