Малку недостигаше да стане цариник, а сега е еден од најдобрите напаѓачи во Ла лига

Фудбалерот на Хетафе, Хаиме Мата пред пет години се најде на животна раскрсница. На едната страна беше сонот, а на другата сигурна егзистенција. Во 2014. година 26-годишниот Мата играл во третиот ранг на шпанскиот фудбал. Немал голема заработка, а во тој момент се понуди шанса за работа како цариник.

Тој тогаш ја завршил втората сезона во дресот на Леида Еспортија, со постигнати 32 гола во 78 настапи кои ги имал во клубот. По долго размислување Мата сфатил дека можеби е време да го напушти фудбалот. Сепак, како од ведро небо дошол повик од претседателот на Жирона, Ориола Алсине кој сакал да го доведе фудбалерот во своите редови.

„Ми дадоа шанса да станам професионалец, тоа беше потполно лудо за мене. Помисли, можеби сепак можам и понатаму да играм фудбал“, раскажува Мата. 

По две сезони поминати во Жирона тој се сели во Валјадолид со кој успева да влезе во Ла лига. Во моментов е член на Хетафе, тим со кој бележи одлични резултати во шпанското првенство, а одличната форма му донесе и повик во репрезентацијата на Шпанија, за која деби имаше во март годинава.

Се вчитува...