Малме ремизираше со Локомотива Загреб во „генералката“ пред Вардар

Противникот на Вардар во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, шведски Малме ремизираше (1-1) со хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб на „генералката“ пред средбите со македонскиот шампион.

За Малме всушност на 1. јули останува уште еден натпревар пред првата пресметка со „вардарци“ против шведскиот Атлетик Ескилстуна, но сепак Швеѓаните дуелот со хрватскиот тим денеска беше еден вид финална подготовка за тоа што ги очекува на европската сцена.

Малме поведе со голот на шведскиот младински репрезентативец Павел Цибицки во 40. минута, а Хрватите израмнија за конечни 1-1 во 55. минута.

Првиот натпревар во 2. квалификациско коло за ЛШ меѓу Малме и Вардар се игра во Шведска на 12. јули со почеток од 19 часот.

Се вчитува...