Мамиќ: Адеми не го напушта Динамо…, ниту ЦСКА, ниту Ференцварош не доаѓаат во предвид

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е на мета на неколку европски клубови. Покрај руските ЦСКА Москва и Локомотива, на листата се дополни и унгарски Ференцварош. Но, наспроти тоа првиот човек на Динамо Загрев, Здравко Мамиќ вели дека македонскиот фудбалер нема да го напушти клубот.

„Може да се пишува се и сешто, но гарантирам дека до 1. октомври ниту еден од клучните играчи, секако вклучувајќи го тука и Адеми, нема да си оди. Не исклучуваме некој да замине, но не од оние кои значат за тимот“ – вели Мамиќ и дополнува:

„Знам дека за Адеми има неколку заинтересирани клубови, но тврдам дека останува во Динамо Загреб“.

Како што е познато, Мамиќ претходно одби понуда од француски Лил за Адеми е беше спречено и негово заминување на Блискиот Исток.

Се вчитува...