Мамиќ: Фудбалот е најдоброто од Хрватска

И контроверзниот поранешен сопственик на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ е дел од еуфоријата која владее во Хрватска по пласманот на фудбалската репрезентација во финалето на Мундијалот во  Русија. До пред некое време апсолутен владетел во хрватскиот фудбал, а сега бизнисмен во бегство најде начин, преку социјалните медиуми,  да им се обрати на репрезентативците.

„Ако е ова сон, ве молам не будете ме. Уште еднаш се потврди она што го зборувам долго време. Фудбалот е најдобрата работа што ја има Хрватска во моментов. Би благодарам јунаци. Вие играјте, јас ќе се молам“ – стои во објавата на Мамиќ.

Мамиќ е осуден на шестгодишна затворска казна за тоа што ја оштетил државата со 12 милиони, а Динамо со 112 милиони куни со затајување даноци при продажба на играчи. Во ерата на Мамиќ во Динамо Загреб се појавија бројни хрватски репрезентативци, Модриќ, Ловрен, Манџукиќ, Ковачиќ.

 

Се вчитува...