Мамиќ ја носи азиската лига на шампиони во Загреб

Загреб и „Максимир“ на 31. јули ќе бидат домаќини на азиската Лига на шампиони. Ал Аин од ОАЕ, чиј тренер е Зоран Мамиќ, ќе игра на најголемиот хрватски стадион против алжирскиот Ес Сетиф во натпревар од првото коло од ова натпреварување. Реваншот ќе биде на 4. август во Сетиф.

Ал Аин се подготвува во Хрватска и Словенија, па тимот на Мамиќ од Загреб ќе ја стартува новата сезона од најсилното азиско натпреварување.

Во азиската Лига на шампиони победникот на крајот ќе заработи шест милиони евра. Ал Аин еднаш славел во ова натпреварување во 2003 година, а беше поразен во финалните натпревари во 2005 и во 2006 година.

Се вчитува...