Мамиќ: Јас овие деца ги направив милионери, сега никој не ме ни споменува

Долго време беше прогласуван за „сива еминенција“ во хрватскиот фудбал, фигура многу посилна и од претседателот Давор Шукер, па Здравко Мамиќ сега гласно прашува – зошто кога е остварен најголемиот успех во историјата на овој спорт во Хрватска сега никој не го споменува неговото име. Првиот човек на Динамо Загреб сега се наоѓа во БиХ, каде останува за да ги избегне хрватските затвори во судските процеси што се водат против него, но и натаму останува фудбалски фанатик.

„Во Динамо бев 48 години, ме нарекуваа најмоќен човек во хрватскиот фудбал. Па сега сигурно и јас имам некакви заслуги за успехот на репрезентацијата, иако гледам дека не ме споменуваат. Сепак, неспорно е дека ова е кулминација на успехот низ базите што ги создадовме. Па јас децата како Модриќ, Ловрен, Ковачиќ и Чорлука ги доведов како бегалци од БиХ, тоа е факт што никој не може да го негира. Ги направив тие момци милионери, им бев како татко. Сега, никому ништо, сите на некого нешто му благодарат, мене никој не ме спомнува. Никој не го кажува името на Шукер или на Мамиќ. Да бидам искрен, присутен е страв, бидејќи оние кои би ме спомнале потоа би биле цел на организирани напади и кампањи против нив“ – истакна Мамиќ.

Се вчитува...