Мамиќ удри по Модриќ: Лука, како можеш да спиеш мирно…

Здравко Мамиќ реши да ја отвори душата по бројните напади на негова адреса, па во едно мега-интервју за подкастот „Инкубатор“ се осврна на критиките на негова адреса.

Мамиќ, кој е осуден поради затајување на данок и незаконско извлекување на пари од Динамо Загреб, тврди дека не сторил ништо погрешно.

„Од Чорлука, Модриќ и од Едуардо клубот Динамо Загреб имаше приход од 60 милиони евра, половина од тие пари согласно договорот се мои. Седев во Министерството за Финансии на Хрватска и сите ми препорачаа да платам данок во странство бидејќи е пониска стапка. Сите фудбалери во странство делеле пари, заработувале милиони, а не платил ниту една липа данок во Хрватска. Јас сум будала, сторив се за Динамо, а сега ме осудија како крадец“, изјави Мамиќ.

Тој особено жестоко го нападна Лука Модриќ, кој беше еден од клучните сведоци во случајот против него.

„Не сме скарани со Лука, но немаме никаков однос, јас се уште сум негов голем навивач. Неговото молчење покажа дека тој не е маж, баш излезе „лигле“ кон мене. Што не повика прес-конференција во Мадрид или Загреб, па да каже Мамиќ ме зеде на 14 години како бегалец, ме создаде, тој не е лопов. Јас имав договор да заработувам 20% од сите негови приходи до крајот на кариерата, и тоа бруто сума. Пред тринаесет години самиот се откажав од тој договор, го раскинав. Се откажав од најмалку 20 милиони евра. Најместо да ми заблагодари, тој ширеше невистини. Лука Модриќ, како можеш да спиеш мирно“, порача Здравко Мамиќ.

Се вчитува...