Манасков броеше до шест со Балатон

Дејан Манасков и Веспрем тргнаа во забрзан ритам на натпревари на стартот од сезоната, па за само неколку дена унгарскиот првак забележа две победи.

Откако ја отворија сезоната со лесна победа над Дабаши од 36-17, Манасков и соиграчите рутински прокнижија нови бодови, овојпат против екипата на Балатон со нов двоцифрен триумф од 40-28. Веспрем одигра извонредно во првото полувреме, поведувајќи со 23-16, по што во вториот дел избраниците на Давид Дејвис ја зголемија предноста до конечните „плус дванаесет“.

Македонскиот ас одигра одличен натпревар постигнувајќи шест погодоци, а поефикасен од него беше единствено поранешниот „вардарец“ Вуко Борозан, кој го заврши натпреварот со седум постигнати гола.

Се вчитува...