Манасков го предводеше „младиот Веспрем“ до победа во СЕХА

Веспрем денеска игра два натпревари, по еден во СЕХА-лигата и во унгарското првенство, поради што Давид Дејвис беше принуден да состави две екипи за да одговори на обврските. Дејан Манасков беше „прекомандуван“ во „командант“ на „младиот Веспрем“ и Македонецот одлично се снајде во оваа улога, предводејќи го тимот до рутинска победа на дуелот со Спартак Москва.

Покрај Манасков, дел од тимот на Веспрем на овој меч од поискусниот беа само уште Мачковшек и голманот Цупара, но и со таков состав унгарскиот гигант лесно се справи со гостите од Русија, триумфирајќи со резултат 37-32.

Македонскиот интернационалец беше во главна улога, постигнувајќи десет погодоци со само едно промашување, додека Мачковшек постигна шест гола за Веспрем. Најефикасен во таборот на Спартак, кој допатува со само десет ракометари на ова гостување, беше Рјабов со осум постигнати гола.

Се вчитува...