Манасков го воскресна Веспрем на дербито со Кил

Дејан Манасков одигра фантастичен натпревар за Веспрем, носејќи му ја на својот тим победата на дуелот со Кил (26-24), пресметка што беше избрана за „дерби на неделата“ од страна на ЕХФ.Кил предводен од одличниот Андреас Волф на голот доминираше во првото полувреме и на одмор замина со предност од 12-15, но ситуацијата на теренот се промени откако Манасков заигра на позицијата лево крило за унгарскиот гигант. Македонецот беше иницијатор на пресвртот откако за само десетина минути му даде три фантастични погодоци на Волф, носејќи го својот тим во водство. Веднаш по третиот гол на Манасков гостите го променија голманот, но македонското крило веднаш го надмудри и Ландин, за неговиот четврти и воедно последен погодок на средбата.Воедно, Манасков одигра одлично и во одбраната, во клучните моменти изнудувајќи пробивање од Вујин, но и крадејќи топка од Зарабец во ситуација кога Кил играше „седум на шест“ во нападот. 

Се вчитува...