Манасков и Веспрем ја освоија Португалија

Веспрем со едната нога веќе се наоѓа во четврт-финалето од Лигата на шампионите откако унгарскиот гигант вечерва во првиот осминафинален дуел славеше на гостувањето против Спортинг Лисабон со 28-30.

Португалскиот состав се покажа како крајно незгоден противник за избраниците на тренерот Дејвис, кој околу 50 минути се обидуваше да најде тактика со која ќе го скрши отпорот на Спортинг. Тоа конечно му успеа, па по водството на домаќините од 24-21 унгарскиот тим постигна четири гола во низа, направи пресврт и потоа го контролираше резултатот се до конечната победа.

Дејан Манасков постигна два гола за Веспрем во оваа победа, а најефикасни во таборот на победничката екипа беа Ненадиќ со осум и Наѓ со пет погодоци.

Се вчитува...