Манасков: Што побрзо да го заборавиме мечот со Шпанија…

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Убедлив пораз доживеа Македонија од репрезентацијата на Шпанија на стартот на втората фаза од Европското првенство. После „среќниот“ Загреб, дојде Вараждин, и по првиот меч сите сме во шок. Нашите ракометари загубија со 20-31 и одиграа очаен натпревар, во кој го загубивме и капитенот Кире Лазаров поради повреда.

Дејан Манасков потврдува, Македонија синоќа имаше слаб ден, а Шпанија тоа знаеше да го искористи.

„Што да се каже после еден ваков пораз. Многу лошо го почнавме мечот, Шпанците се одлепија, а ние продолживме да правиме многу технички грешки. Тоа квалитетна селекција знае да го казни. За жал го загубивме и капитенот Кире Лазаров и потоа немавме никаков одговор. Мора да им се честита на Шпанците, заслужено победија“ – вели Дејан Манасков, потенцирајќи дека мора што побрзо да се остави зад нас овој натпревар…

„Мора да се концентираме веднаш на мечевите со Чешка и со Данска. Мора да дадеме се од себе за да го поправиме впечатокот од овој дуел со Шпанците“.

Се вчитува...