Манасков одличен во унгарското финале

Дејан Манасков одигра одличен натпревар, но македонскиот ас со тимот на Веспрем загуби од Пик Сегед со 32-28 на отворањето од финалната серија во унгарскиот плејоф.

Променливите игри на Веспрем продолжија и во ова финале, осцилациите во таборот на актуелниот унгарски првак беа огромни, а квалитетниот тим на Пик Сегед знаеше како да го искористи тоа.

Манасков беше прв стрелец на Веспрем со шест гола, по четири постигнаа Гајиќ и Илиќ, додкеа најдобри поединци кај Пик Сегед беа Сигурмансон со шест и Бодо со пет постигнати погодоци.

Се вчитува...