Манасков перфектен, Мотор настрада во Веспрем

Веспрем тргна моќно во новата сезона од Лигата на шампионите, откако во првото коло славеше убедливо над Мотор со 40-28. Украинците претходно славеа над Вардар во СЕХА-лигата и сонуваа за сличен подвиг на стартот од ЛШ, но настрадаа против актуелниот вицешампион на Европа.

Мотор солидно парираше се до завршницата на првото полувреме, кога Веспрем успеа да се одлепи и на одмор да замине со водство од 17-13. Избраниците на Давид Дејвис одиграа импресивно во вториот дел, постигнаа дури 23 погодоци и на крајот стигнаа до двоцифрна победа.

Дејвис продолжи со ротирање на екипата, па Манасков доби шанса во второто полувреме и одигра одличен меч, постигнувајќи пет погодоци без ниедно промашување. Најефикасни во екипата на Веспрем беа Тонесен и Гајиќ со по шест гола.

Се вчитува...