Манасков тргна со „тројка“ во новата сезона

Веспрем тргна моќно во новата сезона од унгарскиот шампионат, декласирајќи го тимот на Дабаши со убедливи 36-17. Тимот на нашиот Дејан Манасков ја брани титулата освоена во ланското финале со Пик Сегед, а со оглед на ростерот што го има на располагање тренерот Дејвис, Веспрем и сезонава е главен фаворит за трофејот.

Манасков постигна три погодоци на денешниот натпревар, а најефикасни во таборот на Веспрем при убедливата победа беа Штрлек и Маргуч со по шест погодоци.

Унгарскиот гигант по кратка пауза сезонава повторно ќе се натпреварува и во СЕХА-лигата.

Се вчитува...