Манасков уште една година во Е. Пелистер

Раководството на Е. Пелистер продолжува со формирањето на тимот за наредната сезона, во која битолчани повторно ќе бидат дел од Лигата на Шампионите

„Зелено-белите“ попладнево објавија уште еден важен потпис, откако нов едногодишен договор со клубот потпиша Дејан Манасков.

„Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес.

Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите.

Манасков има две титули шампион на Македонија со Пелистер, а зад себе остави дури четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања. Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за: Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен, Веспрем…“, објави Е. Пелистер.

Се вчитува...