„Манчестер е ср*ње од град, не можам да опишам колку е таму лошо“

Сопругата на аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија, Хорхелина била многу незадоволна од животот во Манчестер. Крилниот напаѓач во 2014 година по Светското првенство одлучи од Реал Мадрид да премине во Манчестер Јунајтед. Неговата сопруга истакнува дека тие ја прифатиле понудата само поради парите, а начинот на живот во Мадрид и во Манчестер е неспоредлив.

„Во Мадрид се беше совршено. И тогаш еден ден ми доаѓа Анхел и ми вика дека добил неверојатна понуда од Јунајтед. Јас веднаш му кажав, ќе одиш таму сам, јас и ќеркичката ќе останеме во Мадрид. Сепак, тој инсистираше сите да одиме и на крај се случи тоа. Манчестер е ср*ње од град. Не можам да опишам колку е таму лошо. Уште година претходно кога бевме на гости кај Агуеро, јас му кажав на Анхел ако одиш од Реал може било каде само немој во Англија, ужасно е“, изјави Хорхелина. 

Ди Марија помина само една сезона во дресот на „црвените-ѓаволи“ од каде во летото 2015 година се пресели во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...