Манчестер е веќе минато, Кавани ја бара иднината во Барселона

Единсон Кавани е решен да си замине од таборот на Манчестер јунајтед, кој ќе му го раскине договорот што истекува во јуни 2022 година.

Уругваецот има неколку понуди да ја продолжи кариерата, но тој е заинтересиран само за Барселона. Голгетерот чека да добие понуда од „Камп Ноу“ за да го облече дресот на „блауграна“.

Едисон би требало да биде второто зимско засилување за тренерот Чави по Феран Торес, кој доаѓа од Манчестер сити.

Се вчитува...