Ентони нема да му биде на располагање на Ерик тен Хаг за финалниот натпревар во ФА Купот во кој Манчестер Јунајтед против Манчестер Сити утре од 16 часот ќе се обиде да стигне до вториот трофеј во сезоната.
Бразилецот се повреди на натпреварот против Челси и мораше да биде изнесен од теренот во носилки, а и покрај тоа што првичните информации беа дека не станува збор за потешка повреда и дека тој ќе биде на теренот на „Вембли“, предводникот на Манчестер Јунајтед има нова инфорамција.
„Се надевавме дека ќе биде во планот за игра, но неговата рехабилитација не се одвива најдобро. Направи само мал чекор понапред од повредата. Постои шанса да, но таа е минимана“, изјави Тен Хаг.
Покрај Ентони Холанѓанецот нема да може да смета ниту на: Лисандро Мартинез, Марсел Сабитцер, Дони ван де Бек и Ентони Марсијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА