Манчестер Јунајтед дочека понуда која ќе ја прифати со „две раце“

Раководството на Рома подготвува понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, и истата ќе биде испратена во следните денови, соопштува „Газета“.

Понудата ќе биде на заем од јануари до крајот на сезоната, и потоа ќе има откупна клаузула во износ од 40 милиони евра, која ќе се претвори во задолжителна доколку „волчицата“ се пласира во Лигата на шампионите. Самиот напаѓач веќе дал „зелено светло“ за враќање во Италија.

Холанѓанецот пристигна во клубот минатото лето од Болоња, но не успеа да се етаблира како играч за во првиот дел. Исто така неговата минутажа е ограничена по ангажманот на Бенџамин Шешко. Затоа Зиркзе се реши да оди во клуб кој ќе му гарантира поголема минутажа.

Од друга страна, пак, Манчќестер Јунајтед со нетпрение очекуваше понуда за услугите на својот голгетер, и се чини дека веднаш ќе прифати ваков предлог од Рома, со цел да се ослободи од еден напаѓач во миговите кога покрај Шешко, тимот го има и Матеус Куња на таа позиција.

Се вчитува...