Манчестер јунајтед дополнително ќе го разгледува „случајот Гринвуд“

Обвиненијата за обид за силување и напад против фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд се отфрлени од страна на Кралското обвинителство, соопшти полицијата на  Манчестер.

Во февруари минатата година талентираниот фудбалер беше осомничен за силување и физички напад, а клубот од „Олд Трафорд“ веднаш го суспендираше на неодредено време. Сепак, медиумите од Островот објавија дека Гринвуд продолжува да зема плата од околу 75.000 фунти неделно.

Откако излезе веста од Кралското обвинителство, Манчестер јунајтед излезе со соопштение со неутрална и претпазлива содржина.

„Манчестер јунајтед ја прими одлуката на Обвинителството на круната, дека сите обвинувања против Мејсон Гринвуд се отфрлени. Клубот сега ќе спроведе свој процес пред да ги одреди своите следни чекори. Нема да даваме понатамошни коментари додека процесот не е комплетиран“, пишува во соопштението од „црвените-ѓаволи“. 

Се вчитува...