Манчестер Јунајтед двапати дневно ги тестира играчите за корона, ама не го затвора тренинг центарот

Медицинскиот тим на Манчестер Јунајтед двапати, на влегување и на излегување им прави испитувања на играчите за коронавирус, но клубот и натаму нема намера да го затвори тренинг кампот како што направија дел од останатите премиерлигашки клубови.

На играчите постојано им се мери телесната температура, а им се прават и сите останати проверки кои се наложени за контрола на ситуацијата со вирусот COVID19.

Како заштитна мерка за играчите, само на членовите на најтесниот тим на Оле Гунар Солскјер им е дозволено да доаѓаат во контакт со првотимците. Претходно фудбалерите на Манчестер Јунајтед минаа низ тестови и по дуелот против ЛАСК во Лига Европа.

Се вчитува...