Манчестер јунајтед е очаен – Не го сака Санчез назад

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед очајно сака да го продаде Алексис Санчез во Интер по истекот на позајмицата која ја има во клубот од „Џузепе Меаца“. Чилеанецот во клубот од Милано на позајмица премина во летниот трансфер период, но брзо заработи повреда поради која ќе биде надвор од терените до јануари.

Позајмицата на Санчез е во траење до крајот на сезоната, но од јунајтед се надеваат дека ќе успеат да се договорат со Интер целосно да го откупи неговиот договор. По продажбата на Санчез, Манчестер ќе се насочи кон млада сензација на Салцбург, Ерлинг Браут Харланд, а се очекува во јануари во јунајтед да премине и искусниот Марио Манџукиќ.

Се вчитува...