Манчестер јунајтед е во резултатска криза, а Карик си тера по свое: Одиме во вистинска насока

Манчестер Јунајтед денеска повторно ги разочара своите навивачи играјќи 1:1 на гостувањето кај Лидс во дуелот од седмото коло во Премиер лигата.

По седум кола, „црвените ѓаволи“ имаат освоено само седум бода и имаат една победа, таа над Ипсвич од 30-ти август (5:2) и навивачите се погласно бараат промени, управата веќе размислува за промена на клупата, додека менаџерот Мајкл Карик си тера по свое.

Тој по натпреварот изјави дека екипата оди во вистински правец.

„Овој натпревар беше уште еден чекор во вистинска насока. Не одигравме перфектно, самодовербата не е на највисоко ниво меѓу играчиите, но тие се трудеа да ги направат вистинските работи на теренот. Во одредени моменти изгледавме многу добро, се браневме добро како тим.

Се вчитува...