Манчестер Јунајтед ги брка Џеси Лингард и Андреас Переира за да направи место Дони ван де Бек

Манчестер Јунајтед се обидува да ги продаде Џеси Лингард и Андрес Переира за да направи место за Дони ван де Бек чиј трансфер вреден 40 милиони фунти треба да се реализира наскоро. Холанѓанецот кој треба да биде првиот засилување за тимот на Оле Гунар Солскјер летово веќе ги договорил личните услови за петогодишниот договор. Менаџерот на Јуанјтед се надева најмалку на уште три засилувања до крајот на предониот ток на 5. октомври.

Воопшто не е изненадување што се очекува Лингард и Переира да си заминат со оглед дека немаат воопшо добра позиција во тимот. Јунајтед е добро покриен во средниот ред со Ван де Бек кој ќе и мсе приклучи на Пол Погба, Бруно Ферандеш, Фред, Немања Матиќ, Скот Мектоминај и Хуан Мата. Лингард имаше лоша претходна сезона и за него немаше место во првиот тим со оглед на доаѓањето на Фернандеш и со подемот на Мејсон Гринвуд.

Ако замине, тоа ќе биде крај 20-годишното партнерство меѓу него и Манчестер Јуанјтед. Переира кој во клубот дојде во 2011 година на само 15 години нема старт во првиот тим од дуелот против Бриж во Лига Европа во февруари.

 

 

Се вчитува...