Манчестер Јунајтед гледа кон Мадрид за засилување

Манчестер Јунајтед врза две значајни победи против Тотенхем и против Манчестер Сити и со тоа најави подобрување на сезоната. Но, за да не остане повторно надвор од Лигата на шампионите ќе треба да потврди дека овие резултати не се случајност и да влезе во серија која ќе значи напредок на табелата.

За да го постигне ова, Јунајтед ги разгледува опциите за засилување во зимскиот преоден рок. Една од можностите кој е сериозно во игра е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигез. Англиските медиуми дури и тврдат дека Нигез е еден од трансфер приоритетите. За Нигез кој има догоорчен договор со Атлетико Мадрид откупната клаузула е 150 милиони евра, но семејството Глејзер наводно било подогтвено да ја плати.

25-годишниот Нигез во 2018 година потпиша осумогодишен догворор со Ателтико Мадрид и на тој начин клубот ги одби тогашните напади од Барселона. Покрај за Нигез, Оле Гунар Солскјер е заинтересиран и за напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд и за фудбалерот на Ајакс, Дони ван де Бек.

Се вчитува...