Манчестер Јунајтед го купува Алекс Телјес од Порто

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција, а менаџерот Оле Гунар Солскјер како решение го одбра Алекс Телјес, фудбалерот на Порто. Бразилецот треба да пристигне на „Олд Трафорд“, да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со „црвените ѓаволи“. 27-годишниот фудбалер кој од 2016 година го носи дресот на Порто треба да му конкурира на Лук Шо за позицијата крај левата аут-линија.

Телјес има искуство од Серија А каде настапуваше во дресот на Интер, а претходно беше дел и од Галатасарај.

Бразилецот веќе ги договорил личните услови за трансферот во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...