Манчестер јунајтед го купува Кулушевски од Јувентус!?

Една од трансферните цели на Манчестер јунајтед ова лето е Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски.

20-годишниот Кулушевски кој, и покрај настапот за младинските селекции на Македонија одбра да игра за Шведска, е еден од најголемите европски таленти, па „црвените ѓаволи“, според пишувањата на англиските медиуми, нема да штедат средства да го доведат во своите редови.

Кулушевски со Јувентус има договор до 2025 година, но сепак не пружа игри според очекувањата на стручниот штаб на „Старата дама“. Тимот од Торино нема проблем да го продаде, но секако Јунејтед ќе треба добро да го одврзе ќесето. Како една од варијантите за овој трансфер е и Пол Погба да се пресели во Јувентус.

Се вчитува...