Манчестер јунајтед го носи Јури Тилеманс на „Олд трафорд“

Манчестер Јунајтед ја отвори касата и плати 41 милион евра со што ја активираше откупната клаузула за Јури Тилеманс, кој „Вила Парк“ ќе го замени со „Олд Трафорд“.

Еден од клучните играчи на белгиската репрезентација, кој одигра одлични натпревари на Светското првенство, се препорача кај „црвените ѓаволи“. Со неговото доаѓање, тие треба да го добијат токму она што им е потребно, искусен играч за врска кој знае како да го диктира темпото на играта, да го скрши притисокот на противникот со едно додавање и да преземе одговорност кога тоа е најпотребно.

Овој 29-годишен фудбалер има големо искуство во Премиер-лигата, откако помина четири години во Лестер и три во Астон Вила. Во најсилното првенство во светот, тој забележа вкупно 244 настапи, при што постигна 26 гола и запиша 39 асистенции.

Поранешниот играч на Андерлехт и Монако ја освои Лигата на Европа со тимот од Бирмингем минатата сезона, додека со „Лисиците“ ги освои ФА Купот (2021) и Комјунити Шилд (2022).

Се вчитува...