Манчестер Јунајтед го потпиша најскапиот договор во Премиерлигата со кој ќе добие 900 милиони фунти

Екипата на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор со германскиот бренд за облека „Адидас“ кој ќе ги облекува „црвените ѓаволи“ и во следните 10 години, а од тој договор тимот од Олд Трафорд ќе инкасира 900 милиони фунти. Адидас и Манчестер Јунајтед се заедно од почетокот на сезоната 2015/2016.

Според договорот, Јунајтед ќе добива 90 милиони фунти годишно, или вкупно 900 милиони фунти, што е најскапиот договор во историјата на Премиерлигата. Претходниот договор беше на 75 милиони фунти годишно.

„Адидас“ го опремуваше Јунајтед и во минатото, во периодот од 1980 до 1992 година.

„Односот меѓу Манчестер Јунајтед и Адидас е еден од најстарите во светот. Темелите беа поставени во 1980 година, а во текот на изминатата деценија нашето партнерство повторно се обнови со некои од најиновативните дизајни и технологии во спортската облека“, рече извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.

Се вчитува...