Манчестер Јунајтед го продава Погба за 50 милиони евра?

Манчестер Јунајтед најверојатно ќе биде приморан да го продаде Пол Погба во летниот трансфер период за сума од 50 милиони евра. Главен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид, но тимот од „Сантијаго Бернабеу“ не сака да издвои повеќе од оваа сума за францускиот ас.

Погба од минатиот септември за „црвените-ѓаволи“ одигра само 71 минута поради повредата на десниот скочен зглоб, а се уште не е познато кога ќе се врати на терените. Прашање е дали тој воопшто ќе се појави во тимот до крајот на сезоната.

Од клубот имаат опција да го продолжат договорот на Погба за уште 12 месеци, но прашање е дали тоа ќе се случи бидејќи Французинот не е задоволен од престојот на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...