Иднината на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед станува целосно неизвесна, откако Французинот во последно време не добива шанса кај Ерик тен Хаг и главно ја грее клупата. И покрај тоа што повредени се стоперите Мартинез и Стоунс, сепак, Тен Хаг се решава да им даде шанса на Мегваер и на Линделоф, оставајќи го Варан целосно во втор план, што дефинитивно нема да му се допадне на поранешниот стопер на Реал Мадрид.
Затоа Јунајтед размислува во јануари да го продаде. Покрај него, во јанари „Олд Трафорд“ ќе го напушти и Џејдон Санчо, кој во моментов не тренира со првиот тим.
Пред неколку денови Тен Хаг кажа дека нема никаков проблем со Варан и дека одлуката тој да биде на клупата е од тактичка природа. Сепак, се погласни се шпекулациите дека Јунајтед веќе му нашол и замена во името на Жан-Клер Тодибо од Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА