Бразилското крило Eнтони, се врати во првиот тим на Манчестер Јунајтед и тој ќе биде во комбинација за настап на следните натпревари. Бразилецот беше суспендиран поради тоа што беше осомничен за семејно насилство, каде што беше под истрага.
Тој е првиот од двајцата играчи во Јунајтед кој се враќа по суспензија. Вториот Џејдон Санчо, останува под суспензија поради караница со тренерот Ерик Тен Хаг.
„Манчестер Јунајтед одлучи да го врати Eнтони во тимот и да биде во комбинаација за настап и додека трае полициската истрага. Фудбалерот и клубот ќе соработуваат и натаму со сите оргни. Како клуб напоменуваме дека сме против секакво насилство. Ја препознавме важноста од заштита на сите кои се жртви на насилство и злоупотреба“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА